Со Законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување (Службен весник на РМ бр.129/15), се укина обврската воведена од 1 јануари 2015 година, за плаќање на придонеси на приходите кои физичките лица ги остваруваат од извршување физичка или интелектуална работа, врз основа на еден или повеќе договори за дело или авторски договори или други договори со кои е определен надоместок за извршената работа...

Законот за изменување и дополнување на Законот за парничната постапка е објавен во „Службен весник на РМ“ бр.124/15 од 23 јули 2015 година. Целта на изменувањата и дополнувањата на овој закон, пред се е подобрување на бизнис климата во Република Македонија преку зајакнување на законските механизми за остварувањето и заштитата на правата на странките во парничната постапка, согласно препораките од извештаите на “Doing business” на Светска банка, зајакнување на правата на странките и нивните законски застапници или полномошници во постапката, поттикнување и развој на медијацијата во Република Македонија, како и системско усогласување на одредбите во посебната парнична постапка по платни налози...

MP Law Ви ја претставува своја интернет страница на која ќе можете во иднина да добивате информации за нашиот тим, нашите активности и на поедноставен начин да не контактирате...