М&П Адвокатска и патентна канцеларија

Доколку барате практичен совет, веродостојна помош, олеснување во документарните процедури и брзина во правното посредување, добредојдовте на вистинското место. 

 
Ние ги знаеме Вашите очекувања и знаеме дека барате правна канцеларија со искусни адвокати кои ги разбираат вашите барања, грижи и дилеми и кои ќе ви помогнат да дојдете до практично решение и посакуван резултат на вашиот правен проблем. 
 
Разбираме дека очекувате мерлив поврат на вашата инвестиција во нас, и поради тоа ги завршуваме задачите и проектите на нашите клиенти врз основа на добра анализа на најниски вкупни трошоци за најбрзо можно време.  
 
Секогаш во полза на клиентот е нашето мото, како императив за тимот од адвокати кои работат во нашата канцеларија. 
 
Искуството во работата со опширна правна проблематика, во ова македонско современие со различни предизвици за претпријатијата и институциите е она што не направи лидери во правната и патент експертиза.   
 
Добредојдени сте во секој момент. Ве покануваме да продолжите да се информирате за нашата канцеларија.