Експертски области

Искуството кое го стекнавме преку работењето со водечки инстутуции, корпорации, банки и претпријатија, ни овозможува подготвено да одговориме на сите предизвици што ги носи правната проблематика.

Ги советуваме сите професионални профили: членови на борд на директори, директори на претпријатија, сопственици на приватни компании, раководители на сектори и физички лица.

Посредуваме при опширна правна проблематика во следниве области на експертиза: странски директни инвестиции, корпоративно правo и корпоративни финансии, процесно право, банкарско и финансиско право, интелектуална сопственост, меѓународно трговско право, даночно право, недвижности, јавни набавки, рекапитализација како и општо правно советување.

Имаме исклучителна експертиза во сите сектори: електронски комуникации, информатичка технологија, енергетика, фармација, транспорт, трговија, услуги, банкарски сектор и финансии.

За комплетна и брза услуга имаме развиено мрежа на надворешни соработници –истакнати експерти од областа на правото, економијата, градежништво итн.

Нашата конкурентска предност се состои во:

- Сеопфатност: Комплетна правна услуга и информација за регулативите на едно место

- Брзина и ефикасност: Преку нашата мрежа на контакти, партнери и соработници, успеваме да ги завршиме сите административни и документарни работи во институциите на јавната   администрација во мошне краток рок, во полза на клиентите и при тоа го штедиме нивното време.

- Практичност: Успеваме секогаш да испорачаме позитивен резултат за клиентот и да му помогнеме да ја исполни замислената цел преку нашето застапништво.

Јавни набавки

Адвокатската канцеларија „Михајлоски&Поповска“ нуди правна помош за економските оператори во текот на постапките за доделување на договори за јавни набавки пред договорните органи, постапката на правна заштита пред Државната комисија за жалби по јавни набавки и управно-судска заштита.

Правна помош во повеќе од десет правни области и долгогодишно искуство во истите

Информации

Сите информации и податоци на страната се од информативен карактер!

За повеќе информации Ве молиме контактирајте не Контакт.

Локација и контакт

Телефон: +389 (0)2 3112 833 Е-mail адреса: info@mplaw.mk Адреса: ул. Црвена Вода бр. 7/3-4 1000 Скопје, Р.С.Македонија