Општо правно советување
“Мihajloski&Popovska” претставува личен правен консултант со комплетна правна услуга на едно место.
Мнигумина од нашите клиенти бараат од нас да дејствуваме како советници за сите правни и деловни прашања кои го сочинуваат нивното секојдневно работење како и целиот процес на развој на една институција и компанија.
Нашата канцеларија обезбедува голем број на услуги за компаниите во јавниот и приватниот сектор како на пример, приватни јавни понуди, статусни промени (присоединување, делба), јавно приватно партнерство.
Оттука “Мihajloski&Popovska” дејствува како официјален правен консултант во сите области на претпријатијата, при што активно учествува во процесот на корпоративно управување. Како посебна специјалност и експертиза на канцеларијата “Мihajloski&Popovska” е правната помош посебно за странските инвеститори, поврзана со активностите и работењето согласно законските прописи во Република Македонија.