За Нашиот Тим

Најважниот капитал на адвокатската канцеларија “Михајлоски&Поповска” е адвокатскиот тим.

Со цел нашите клиенти да го добијат врвна услуга, постојано вложуваме во едукација, советување и информирање на нашиот кадар. Преку тоа ја јакнеме нашата експертиза, препознатлива за адвокатите од “Михајлоски&Поповска”.

Ние сме адвокати кои имаме искуство и знаење не само во работењето со големи претпријатија со корпоративна проблематика и сложени случаи, туку со сигурност можеме да кажеме дека сме атрактивни и за помалите претпријатија.

Достапни сме и се прилагодуваме според можностите на нашите клиенти.

Нашиот тим е составен од млади, бистри и енергични интелектуалци: адвокати и правници со диверзифицирано образование и искуство, како и широки сеопфатни знаења со цел да одговориме на сите инетереси на клиентите. Се работи во многу динамична но пријатна атмосфера каде соработката е високо вреднувана а клиентот беспрекорно услужен.

Александар Михајлоски

Основач, косопственик и партнер
Основач, косопственик и партнер во канцеларијата "Михајлоски&Поповска". Координатор на тимот на адвокати. Адвокат Александар Михајлоски има опширно искуство во корпоративното и комерцијално право, и исто така поседува сеопфатно знаење и значајна пракса во процесното право, облигационото право, сопственичко право и кривично право. Професионални членства: член на Интернационалната асоцијација на млади правници (AIJA) член на Адвокатска комора на РМ Адвокат Александар Михајлоски е роден на 12 Април 1976 во Скопје, завршил правен факултет на УКИМ и Адвокатската комора на РМ во 2003 година, од кога и работи како адвокат.
email: mihajloski@mplaw.mk

Марта Поповска

Косопственик и партнер
Партнер, Адвокат, Овластен застапник за заштита на права од индустриска сопственост. Адвокат Поповска има големо искуство во областа на фармацевското право, стечајно право, и трудово право, како и во парнично право, корпоративно и комерцијално право, договорно право, сопственичко право и право на индустриска сопственост. Професионални членства: Член на Адвокатска комора на РМ Член на Државниот завод за индустриска сопственост на РМ (листа на застапници) Член на Светската организација за заштита на права од индустриска сопственост Адвокат Марта Поповска е родена 28.02.1978 година, завршила Правен факултет на УКИМ и е член на Адвокатска комора на РМ од 2003 од кога и работи како Адвокат. Има положено испит за застапник за заштита на права од индустриска сопственост и е овластен застапник за права од индустриска сопственост.
email: popovska@mplaw.mk

Горан Стоименов

Партнер и адвокат
Партнер, Адвокат Дипломирал на Правен Факултет "Јустинијан Први" - отсек правни студии, 2002-2006 година. Вработен 6 години. Роден 03.10.1980г. во Скопје.
Email: stoimenov@mplaw.mk

Валентина Доревска

Адвокат
Валентина Доревска, адвокат, родена во Скопје, 15.12.1986 година. Дипломирала во 2008 година на Правниот Факултет "Јустинијан Први", Скопје на правни студии и се стекнала со називот - дипломиран правник. Своето образование го продолжува на постдипломските студии на Правниот факултет "Јустинијан Први" од Скопје и во 2011 година се стекнува со називот - Магистер по право (Master of Laws LL.M). Во декември 2011 положила стручен испит на застапници за заштита на индустриска сопственост, а во април 2012 година положила правосуден испит. Во адвокатската канцеларија Михајловски и Поповска е вработена од 2011 година и работи на прашања од граѓанското право, граѓански и стопански спорови, индустриска сопственост, како и авторски права и други сродни права.

Правна помош во повеќе од десет правни области и долгогодишно искуство во истите

Информации

Сите информации и податоци на страната се од информативен карактер!

За повеќе информации Ве молиме контактирајте не Контакт.

Локација и контакт

Телефон: +389 (0)2 3112 833 Е-mail адреса: info@mplaw.mk Адреса: ул. Црвена Вода бр. 7/3-4 1000 Скопје, Р.С.Македонија