Кристина Мицеска
Кристина Мицеска - деловен асистент , родена во Кичево, на ден 20.09.1987 година.Дипломирала во 2009 година на Правниот Факултет ‘’ Јустинијан Први‘’, Скопје на политички студии и се стекнала со називот-дипломиран политолог. Своето образование го продолжува на постдипломските студии на Правниот факултет ‘’Јустинијан Први‘’ од Скопје и во 2013 година се стекнува со називот-Магистер по политички науки во областа на Дипломатијата и меѓународните односи ( Master of arts in political science ).
Во адвокатската канцеларија Михајловски и Поповска е вработена од 2015 година .
Познава два странски јазици: англиски и италијански.