Валентина Доревска

 
Валентина Доревска, адвокат, родена во Скопје, 15.12.1986 година. Дипломирала во 2008 година на Правниот Факултет "Јустинијан Први", Скопје на правни студии и се стекнала со називот - дипломиран правник. Своето образование го продолжува на постдипломските студии на Правниот факултет "Јустинијан Први" од Скопје и во 2011 година се стекнува со називот - Магистер по право (Master of Laws LL.M). Во декември 2011 положила стручен испит на застапници за заштита на индустриска сопственост, а во април 2012 година положила правосуден испит.
 
Во адвокатската канцеларија Михајловски и Поповска е вработена од 2011 година и работи на прашања од граѓанското право, граѓански и стопански спорови, индустриска  сопственост, како и авторски права и други сродни права.