Христина Јоноска-Стоименова
Христина Јоноска-Стоименова, адвокат, родена во Скопје, на ден 10.05.1986 година. Дипломирала во 2009 година на Правниот Факултет ‘’Јустинијан Први‘’, Скопје на правни студии и се стекнала со називот-дипломиран правник. Своето образование го продолжува на постдипломските студии на Правниот факултет ‘’Јустинијан Први‘’ од Скопје и во 2011 година се стекнува со називот-Магистер по право ( Master of Laws LL.M). На ден 07.12.2012 година положила правосуден испит.
Во адвокатската канцеларија Михајловски и Поповска е вработена од 2014 година и работи на прашања од граѓанското право, граѓански и стопански спорови, постапки за надомест на штета и процедури во постапките од осигурувањето на живот и други договорни осигурувања.
Познава два странски јазици: англиски и германски.