Христина Стојановиќ
Христина Стојановиќ, адвокат, родена на 26.04.1984 година во Неготино. Дипломирана со четиригодишни студии на Правен факлултет Јустинијан 1 Скопје октомври 2006 година, положен правосуден испит 2009 година, положен нотарски испит 2011 година, положен испит за застапник за заштита на права од индустриска сопственост 2013година, мастер на LLM двојна диплома од интелектуална сопственост од страна на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј ", Правен факултет '' Јустинијан 1,, Скопје Универзитетот на Стразбур, Франција –Центар за меѓународни студии, октомври 2014година.
Во адвокатската канцеларија Михајловски и Поповска е вработена од 2012 година и работи на прашања од граѓанското право, граѓански и стопански спорови , како и стечајна постапка и ликвидација на трговски друштва.