Експертски области
Искуството кое го стекнавме преку работењето со водечки инстутуции, корпорации, банки и претпријатија, ни овозможува подготвено да одговориме на сите предизвици што ги носи правната проблематика.
 
Ги советуваме сите професионални профили: членови на борд на директори, директори на претпријатија, сопственици на приватни компании, раководители на сектори и физички лица.
 
Посредуваме при опширна правна проблематика во следниве области на експертиза: странски директни инвестиции, корпоративно правo и корпоративни финансии, процесно право, банкарско и финансиско право, интелектуална сопственост, меѓународно трговско право, даночно право, недвижности, јавни набавки, рекапитализација како и општо правно советување.
 
Имаме исклучителна експертиза во сите сектори: електронски комуникации, информатичка технологија, енергетика, фармација, транспорт, трговија, услуги, банкарски сектор и финансии.     
 
За комплетна и брза услуга имаме развиено мрежа на надворешни соработници –истакнати експерти од областа на правото, економијата, градежништво итн.
 
Нашата конкурентска предност се состои во: 
 
  • Сеопфатност: Комплетна правна услуга и информација за регулативите на едно место
  • Брзина и ефикасност: Преку нашата мрежа на контакти, партнери и соработници, успеваме да ги завршиме сите административни и документарни работи во институциите на јавната администрација во мошне краток рок, во полза на клиентите и при тоа го штедиме нивното време.
  • Практичност: Успеваме секогаш да испорачаме позитивен резултат за клиентот и да му помогнеме да ја исполни замислената цел преку нашето застапништво. 
Странски директни инвестиции
Странски директни инвестиции
За странските инвеститори посредуваме и советуваме при процесот на: 
 
  •  приватизација 
  •  меѓународни тендери
  •  застапништво при процес на приватизација
  •  застапништво при процес на јавно наддавање
 
Посредуваме при спроведување на постапка за превземање на постоечка компанија или посредување при основање на нова компанија како и  во Р. Македонија. 
Корпоративно право
Корпоративно право
За странските инвеститори посредуваме и советуваме при процесот на:  
 
  •  приватизација 
  •  меѓународни тендери
  •  застапништво при процес на приватизација
  •  застапништво при процес на јавно наддавање
 
Посредуваме при спроведување на постапка за превземање на постоечка компанија или посредување при основање на нова компанија како и  во Р. Македонија. 
Процесно право
Процесно право
Имаме големо искуство во заштита на правата и интересите на физичките и правни лица од земјата и странство  пред судовите и органите на државна управа и дејствуваме како полномошници и правни застапници на нашите клиенти  во следните постапки:
 
  • Арбитража
  • Граѓанска постапка
  • Административна постапка
  • Кривична постапка 
  • Посредување
Банкарско и финансово право
Банкарско и финансово право
Во нашиот домен на работа спаѓаат експертски мислења од областа на банкарството и финансиите и поседуваме големи квалитети во  правни услуги за банки и други правни лица кои обезбедуваат финансиски услуги. 
 
  • Cоветување на финансиски институции на дневна основа
  • Наплата на долгови
  • Советување на правните аспекти на финансиски трансакции
  • Хипотеки и гаранции
Интелектуална сопственост
Интелектуална сопственост
Нудиме правни услуги и мислења поврзани со сите прашања од индустриска сопственост и авторско право. 
 
Нашата канцеларија е регистриран застапник за посредување и реализација на правата од интелектуална сопственост преку заштита, поднесување, спроведување и финална регистрација на апликацијата за права од индустриска сопственост пред надлежните институции.
 
Дополнително нудиме и посредување при царинска заштита на правата од интелектуална сопственост:
 
  • Трговски марки, патенти и дизајни
  • Лиценцирање и франшизи
  • Постапки за заштита при повреда на право од интелектуална сопственост
  • Авторско право
Меѓународно трговско право
Меѓународно трговско право
Правилата на игра кои  владеат на меѓународниот пазар се сложена материја за која е потребно широк спектар на знаење и ускуство кое ние им го нудиме на нашите клиенти во обработката на прашањата кои се однесуваат на меѓународното право и меѓународниот промет на добра и услуги. 
 
  • Советување на сите аспекти на меѓународната трговија 
  • Подготовка на трговски договори и договори за купопродажба 
  • Трансфер на технологија и технолошки системи "know – how"  
  • Меѓународна арбитража 
  • Посредување и решавање на спорови
Даночно право
Даночно право
Нашата канцеларија нуди комплетни правни, финансиски, сметководсвени и услуги на советување, од особена важност за странските фирми (државни или приватни).
 
  • Советување и помош во целокупниот спектар на даночни прашања 
  • Застапување на различни нивоа пред државните и локални даночни власти
Недвижности
Недвижности
Процесот кога се стекнувате, купувате, наследувате, превземате, продавате, издавате или изнајмувате имот или компанија е навидум лесен но сепак сложен и комплексен процес. Препорачуваме да бидете информирани и со сигурност да ги реализирате сите трансакции, како и активности кои треба да ги превземете.
 
Препуштете го посредувањето на нашата канцеларија која во брз временски период и со ваш најмал напор, ќе ви помогне во реализација на целта што ја имате со вашата недвижност. 
 
  • Советување при купување, продажба и изнајмување на недвижности 
  • Заштита на сопственички права
Работни односи
Работни односи
Како специфична правна област, Адвокатската канцеларија „Михајлоски&Поповска“ нуди правно советување и за прашањата од областа на трудовото законодавство и работните односи, во приватниот и јавниот сектор. Нуди помош при спроведувањето на постапките на вработување и престанокот на работниот однос на работниците, постапките за утврдување на дисциплинска и материјална на работниците, како и изготвување на конкретни акти од областа на работните односи, како договори за вработување и други акти во постапката на остварувањето и заштитата на правата од работен однос, решенија, приговори, застапување на работниците во постапките на правна заштита пред работодавачот застапување на работниците и работодавачите во постапките пред судовите, како и секаков вид на правна помош и советување од областа на работните односи, правата од здравствено, пензиско и инвалидско осигурување, како и правата од осигурување во случај на невработеност.
 
Нудиме и правна помош, советување и застапување во постапките пред надлежните државни органи за издавање на дозволи за работа, дозволи за вработување и дозволи за привремен и постојан престој на странски државјани во Република Македонија. 
Осигурување и штети
Осигурување и штети
Нудиме советување и од областа на животното и неживотното осигурување, како и застапување при остварувањето на правата од животно и неживотно осигурување во постапките пред друштвата за осигурување во Република Македонија, како и во постапките пред судовите за наплата на штети при осигурени случаи.
Јавни набавки
Јавни набавки
Адвокатската канцеларија „Михајлоски&Поповска“ нуди правна помош за економските оператори во текот на постапките за доделување на договори за јавни набавки пред договорните органи, постапката на правна заштита пред Државната комисија за жалби по јавни набавки и управно-судска заштита.
Општо правно советување
Општо правно советување
"Мihajloski&Popovska" претставува личен правен консултант со комплетна правна услуга на едно место.   
 
Мнигумина од нашите клиенти бараат од нас да дејствуваме како советници за сите правни и деловни прашања кои го сочинуваат нивното секојдневно работење како и целиот процес на развој на една институција и компанија. 
 
Нашата канцеларија обезбедува голем број на услуги за компаниите во јавниот и приватниот сектор како на пример, приватни јавни понуди, статусни промени (присоединување, делба), јавно приватно партнерство.
 
Оттука "Мihajloski&Popovska" дејствува како официјален правен консултант во сите области на претпријатијата, при што активно учествува во процесот на корпоративно управување. Како посебна специјалност и експертиза на канцеларијата "Мihajloski&Popovska" е правната помош посебно за странските инвеститори, поврзана со активностите и работењето согласно законските прописи во Република Македонија.